|
2023-02-03 [21:01:16] |
New Event: ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ 2023 (MKD) |
|
more... |
Traveling to this event? |
---|
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up! |
|
Карате федерацијата на Македонија, согласно усвоениот Календар за натпревари за 2022 година, на 18.02.2023 година (сабота) ќе организира Државно првенство за СЕНИОРИ Место на одржување: Крсте Мисирков, во О.У. Крсте Мисирков, нас. Ченто. Пропозиции и категории: Дадени во Прилог Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 12.02.2023 год. (недела), преку WEB страницата на Sport Data (SET ONLINE), на следниот линк: Клубовите по приемот на ова известување по е-маил должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk и brankotasevski@gmail.com . Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ! Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 14.02.2023 година, после што ќе се смета дека пријавите се конечни. Корекции може да се прават само доколку има промена на категорија на веќе внесени натпреварувачи, нови натпреварувачи не е дозволено да се внесуваат. Корекциите на пријавата задолжително се доставуваат на е-маил contact@kfm.com.mk. За секоја промена на пријавата (промена на категорија и/или додавање нов натпреварувач) по овој датум ќе се наплатува казна во висина од 700 денари. Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 16.02.2023 година. Ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства и изборни турнири во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година. Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Право на настап на Првенството ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2023 година и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон. Котизацијата во износ од 1.000 МКД по пријавен натпреварувач и 1.500 МКД по пријавена екипа треба да се уплати на жиро сметка на КФМ најдоцна до 16.02.2023 година. Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон. Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта (2). Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи. Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема.
Со почит,
П Р О П О З И Ц И И И К А Т Е Г О Р И И
ПРОПОЗИЦИИ: WKF правила
Реперен датум во однос на кој ќе се одредуваат старосните граници на натпреварувачките категории за ката и кумите индивидуално, како и за ката и кумите екипно е 22.03.2023 година (ден кога почнува Европското првенство за сениори). Право на настап имаат:
|
Privacy statement | GTC | Imprint |
SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2025 (2025-01-31 08:49:49 CET +01:00) |