|
2023-10-21 [00:03:51] |
New Event: ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И СЕНИОРИ ДО 21 ГОДИНА 2023 (MKD) |
|
more... |
Traveling to this event? |
---|
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up! |
|
Предмет: Државно првенство за кадети, јуниори и У-21
Карате федерацијата на Македонија, во периодот 04-05.11.2023 година (сабота-недела) ќе организира
Државно првенство за КАДЕТИ, ЈУНИОРИ и У-21
Место на одржување: ООУ „Антон Димитров“, нас. Бутел, Скопје. Пропозиции и категории: Дадени во Прилог Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 29.10.2023 година (недела) преку WEB страницата на Sport Data (SET ONLINE), на следниот линк: https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=7686#a_eventhead Клубовите по приемот на ова известување по е-маил и/или добиената СМС порака должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk и zoran.dervisov@gmail.com. Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ! Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 31.10.2023 година (вторник), после што ќе се смета дека пријавите се конечни. За секоја промена на пријавата (промена на категорија) на денот на натпреварот ќе се наплатува казна во висина од 700 денари. Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 02.11.2023 година (четврток). Ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства и државни изборни турнири во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година.
Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Заштитната маска за лице е опциона. Право на настап на Првенството ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2023 година и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон. Котизацијата за учество во висина од 600 МКД по индивидуална пријава и 900 МКД по екипна пријава треба да се уплати најдоцна до 02.11.2023 година (четврток). Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон. Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта (3). Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи. Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема.
Со почит, Натпреварувачка комисија Бранко Тасевски
Прилог
ПРОПОЗИЦИИ: Кати и борби: WKF правила Ката тимови Изведуваат бункаи во борбите за медал. Секој клуб има право да пријави само по една екипа во одредена категорија. Борби: Времетраење:
Забелешки:
|
![]() |
Privacy statement | GTC | Imprint |
SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2025 (2025-02-07 01:10:12 CET +01:00) |