|
2021-11-22 [20:43:08] |
New Event: ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И У-21, 2021 (MKD) |
|
more... |
Traveling to this event? |
---|
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up! |
|
КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА KARATE FEDERATION OF MACEDONIA__________________________________________________________________________________________Жиро сметка 300000000727536 ДБ 4030001413865 Комерцијална банка - Скопје
Градски парк бб Членка на Светската (WKF), Европската (EKF) и Кош. сала Работнички Балканска Карате Федерација (FBK) 1000 Скопје Тел/факс. ++ 389 2 32 24 994 E-mail:contact@kfm.com.mk
ДО СИТЕ КАРАТЕ КЛУБОВИ ЧЛЕНКИ НА КФМ
Предмет: Државен изборен турнир за кадети, јуниори и У-21
Карате федерацијата на Македонија, на ден 04.12.2021 година (сабота-недела) ќе организира
Државен изборен турнир за КАДЕТИ, ЈУНИОРИ и У-21
Место на одржување: Средно општинско училиште Гостивар – Гостивар, ул. Живко Оџаклиески бр.38 Пропозиции и категории: Дадени во Прилог Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 28.11.2021 година (недела) на еден од следните начини:
Клубовите по приемот на ова известување по е-маил и/или добиената СМС порака должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk, boshko.ristoski@gmail.com и zoran.dervisov@gmail.com . Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ! Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 30.11.2021 година (вторник), после што ќе се смета дека пријавите се конечни. За секоја промена на пријавата (промена на категорија) на денот на натпреварот ќе се наплатува казна во висина од 700 денари. Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 02.12.2021 година (четврток). Ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година.
Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Заштитната маска за лице е опциона. Право на настап на Првенството ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2020 година и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон. Натпреварувачите во кумите треба да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или сертификат од негативен брз рапид тест не постар од 48 часа. Котизацијата за учество во висина од 600 МКД за индивидуален настап и 900 МКД за екипен настап по пријава треба да се уплати најдоцна до 02.12.2021 година (четврток). Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон. Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта (3). Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи. Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема. Забелешка: Натпреварот ќе се одржи во целост со почитување на ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА КАРАТЕ КЛУБОВИТЕ ПРИ СИСТЕМОТ НА КФМ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД COVID-19, одобрен од Комисијата за инфективни болести, кој Ви го доставуваме во прилог.
Со почит, Натпреварувачка комисија Зоран Дервишов
Прилог
ПРОПОЗИЦИИ: Кати и борби: WKF правила Ката тимови Изведуваат бункаи во борбите за медал. Секој клуб има право да пријави само по една екипа во одредена категорија. Борби: Времетраење: кадети и јуниори: 2 минути; У-21: 3 минути Забелешки:
|
Privacy statement | GTC | Imprint |
SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2025 (2025-01-15 14:09:45 CET +01:00) |