|
2022-09-12 [00:48:49] |
New Event: КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И У-21 (MKD) |
|
more... |
Traveling to this event? |
---|
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up! |
|
ДО СИТЕ КАРАТЕ КЛУБОВИ ЧЛЕНКИ НА КФМ
Предмет: Куп на Македонија за кадети, јуниори и У-21
Карате федерацијата на Македонија, на ден 24.09.2022 година (сабота) ќе организира
Куп на Македонија за КАДЕТИ, ЈУНИОРИ и У-21
Место на одржување: Спортски центар „Билјанини извори“, Охрид Пропозиции и категории: Дадени во Прилог Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 18.09.2022 година (недела) преку WEB страницата на Sport Data (SET ONLINE), на следниот линк: https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=6698#a_eventhead. Клубовите по приемот на ова известување по е-маил и/или добиената СМС порака должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk, boshko.ristoski@gmail.com и zoran.dervisov@gmail.com . Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ! Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 20.09.2022 година (вторник), после што ќе се смета дека пријавите се конечни. За секоја промена на пријавата (промена на категорија) на денот на натпреварот ќе се наплатува казна во висина од 700 денари. Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 22.09.2022 година (четврток). Ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година.
Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Заштитната маска за лице е опциона. Право на настап на Првенството ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2022 година и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон. Котизацијата за учество во висина од 600 МКД за индивидуален настап и 900 МКД за екипен настап по пријава треба да се уплати најдоцна до 22.09.2022 година (четврток). Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон. Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта (3). Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи. Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема.
Забелешка: Медалистите од секоја категорија ќе се стекнат со право за настап на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 кое ќе се одржи од 04-06.11.2022 год. во Црна Гора.
Со почит, Натпреварувачка комисија Зоран Дервишов
Прилог
ПРОПОЗИЦИИ: Кати и борби: WKF правила Ката тимови Изведуваат бункаи во борбите за медал. Секој клуб има право да пријави само по една екипа во одредена категорија. Борби: Времетраење: кадети и јуниори: 2 минути; У-21: 3 минути Забелешки:
|
Privacy statement | GTC | Imprint |
SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2025 (2025-01-30 17:44:14 CET +01:00) |