more...
Traveling to this event?
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up!

Државно првенство за кадети, јуниори и У-21 и Плеј-оф турнир за кадети, јуниори и У-21

 

Карате федерацијата на Македонија, на ден 26.11.2022 година (сабота) ќе организира

 

Државно првенство за КАДЕТИ, ЈУНИОРИ и У-21

 

Место на одржување: Спортска сала Младост, Гостивар    

Пропозиции и категории:   Дадени во Прилог

Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 20.11.2022 година (недела) преку WEB страницата на Sport Data (SET ONLINE), на следниот линк: https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=6842#a_eventhead

Клубовите по приемот на ова известување по е-маил и/или добиената СМС порака должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk и zoran.dervisov@gmail.com.

Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ!

Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 22.11.2022 година (вторник), после што ќе се смета дека пријавите се конечни.

За секоја промена на пријавата (промена на категорија) на денот на натпреварот ќе се наплатува казна во висина од 700 денари.

Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 24.11.2022 година (четврток).

Ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства и државни изборни турнири во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година.

Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Заштитната маска за лице е опциона.

Право на настап на Првенството ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2022 година и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон.

Котизацијата за учество во висина од 600 МКД по индивидуална пријава и 900 МКД по екипна пријава треба да се уплати најдоцна до 24.11.2022 година (четврток).

Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон.

Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта (3). Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи.

Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема.

Медалистите од Државното првенство за кадети, јуниори и У-21 (прво, второ и две трети места) се стекнуваат со право на настап на Плеј-оф турнирот за кадети, јуниори и У-21, кој ќе се одржи на ден 04.12.2022 год. во Спортската сала Работнички во Скопје.

 

Список на категории

 

ката женски

кумите женски

ката тим

ката кадетки

кадетки; -47 кг.

ката тим кадетки/јуниорки

ката јуниорки

кадетки; -54 кг.

ката тим кадети/јуниори

ката У-21

кадетки; -61 кг.

 

ката машки

кадетки; 61+ кг.

 

ката кадети

јуниорки;  -48 кг.

 

ката јуниори

јуниорки;  -53 кг.

 

ката У-21

јуниорки;  -59 кг.

 

 

јуниорки;  -66 кг.

 

 

јуниорки;  66+ кг.

 

 

У-21;  -50 кг.

 

 

У-21;  -55 кг.

 

 

У-21;  -61 кг.

 

 

У-21;  -68 кг.

 

 

У-21;  68+ кг.

 

 

кумите машки

 

 

кадети; -52 кг.

 

 

кадети; -57 кг.

 

 

кадети; -63 кг.

 

 

кадети; -70 кг.

 

 

кадети; 70+ кг.

 

 

јуниори; -55 кг.

 

 

јуниори; -61 кг.

 

 

јуниори; -68 кг.

 

 

јуниори; -76 кг.

 

 

јуниори; 76+ кг.

 

 

У-21 -60 кг.

 

 

У-21 -67 кг.

 

 

У-21 -75 кг.

 

 

У-21 -84 кг.

 

 

У-21 84+ кг.

 

 

ПРОПОЗИЦИИ:

Кати и борби:                         WKF правила

Ката тимови:                     Изведуваат бункаи во борбите за медал. Секој клуб има право да пријави само по една екипа во одредена категорија.

Борби:                               

Времетраење: 

  • кадети и јуниори - 2 минути;
  • У-21: 3 минути

Забелешки:

  1. Реперен датум во однос на кој ќе се одредуваат старосните граници на натпреварувачките категории кадети, јуниори и У-21 година, ката и кумите индивидуално, како и ката и кумите тим кадети/јуниори е 03.02.2023 г. (ден на почетокот на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21).
  2. Старосните граници по категории се следните:
  • Во кадети спаѓаат натпреварувачите родени од 03.02.2007 до 02.02.2009 г.
  • Во јуниори спаѓаат натпреварувачите родени од 03.02.2005 до 02.02.2007 г.
  • Во У-21 год. спаѓаат натпреварувачите родени од 03.02.2002 до 02.02.2005 г.
  • Во ката тим кадети/јуниори спаѓаат натпреварувачите родени од 03.02.2005 до 02.02.2009 г.
  • Во кумите тим кадети/јуниори спаѓаат натпреварувачите родени од 03.02.2005 до 02.02.2009 г.
Date

2022.11.26

Entry deadline

2022.11.14 - 2022.11.19
Registration expired

Registration mode

Exact day (2023.02.03)

Time Zone

Europe/Skopje (2025-01-31 00:11)

Country

 NORTH MACEDONIA

Location

Гостивар

Downloads / Gallery
Type

Tournament

E-Payment

Entries: For this event no entry permission is required.

Flights

Find your FLIGHT

euroflyrefund.com
WKF Live
WKF Accredited Coach Course
Video Review
Advertisement
              
Privacy statement | GTC |  Imprint

SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2025 (2025-01-31 00:11:02 CET +01:00)
WKF (World Karate Federation) APPROVED SOFTWARE