more...
Traveling to this event?
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up!

Карате федерацијата на Македонија, согласно усвоениот Календар за натпревари во 2023 година, на 08-09.04.2023 година (сабота и недела) ќе организира

Државно првенство за деца од 10-13 години во борби, кати и кати екипно

Место на одржување: Спортска сала ,,Бранители 2001‘‘, Крива Паланка.   

Пропозиции и категории: Дадени во Прилог

Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 02.04.2023 год. (недела) Преку WEB страницата на Sport Data (SET ONLINE), на следниот линк: https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=7207#a_eventhead

Клубовите по приемот на ова известување по е-маил должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk и brankotasevski@gmail.com.

Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ!

Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 04.04.2023 година, после што ќе се смета дека пријавите се конечни. Корекции може да се прават само доколку има промена на категорија на веќе внесени натпреварувачи, нови натпреварувачи не е дозволено да се внесуваат. Корекциите на пријавата задолжително се доставуваат на е-маил contact@kfm.com.mk.

За секоја промена на пријавата (промена на категорија и/или додавање нов натпреварувач) по овој датум ќе се наплатува казна во висина од 700 денари.

Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 06.04.2023 година.

Ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година.

Секој клуб има право да пријави само по една екипа во одредена категорија.

Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Заштитната маска за лице е опциона.

Право на настап ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2023 год. и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон.

Котизацијата во износ од 600 МКД по пријавен натпреварувач и 900 МКД по пријавена екипа треба да се уплати на жиро сметка на КФМ најдоцна до 06.04.2023 година.

Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон.

Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта, кој ќе биде утврден по креирањето на саатницата за натпреварот. Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи.

Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема.

 

Со почит,                                                                                                  

 

Натпреварувачка комисија

 

__________________________

 

Бранко Тасевски

 

П Р О П О З И Ц И И   И   К А Т Е Г О Р И И

Државно првенство за деца од 10-13 години – категории

Категории во ката:

Возраст

Ката индивидуално

Ката екипно

Машки

Женски

Машки

Женски

Деца

10 години

10 години

10-11 години

10-11 години

11 години

11 години

12 години

12 години

12-13 години

12-13 години

13 години

13 години

  • 10 години – родени во периодот 01.01.2013-31.12.2013 година
  • 11 години – родени во периодот 01.01.2012-31.12.2012 година
  • 12 години – родени во периодот 01.01.2011-31.12.2011 година
  • 13 години – родени во периодот 01.01.2010-31.12.2010 година

Пропозиции:

  • Натпреварувачите изведуваат кати од официјалната листа за кати, дадена во „Правила за кумите и ката“, во важност од 01.01.2019.
  • Дозволени се мали варијации согласно карате стилот (ryu-ha) на натпреварувачот.
  • Пред настапот, записничката маса ќе биде известена за изборот на катата.
  • Натпреварувачите треба да изведат различна ката во секој круг. Веќе изведена ката не смее да се повтори.

Категории во кумите:

Деца – Кумите индивидуално машки

Деца – Кумите индивидуално женски

10 години

11 години

12 години

13 години

10 години

11 години

12 години

13 години

-30 кг

-35 кг

-37 кг

-40 кг

-30 кг

-32 кг

-35 кг

-39 кг

-35 кг

-40 кг

-42 кг

-45 кг

-34 кг

-36 кг

-40 кг

-44 кг

-40 кг

-45 кг

-47 кг

-50 кг

-37 кг

-40 кг

-45 кг

-49 кг

-45 кг

-50 кг

-52 кг

-55 кг

-40 кг

-44 кг

-50 кг

-54 кг

+45 кг

+50 кг

+52 кг

+55 кг

+40 кг

+44 кг

+50 кг

+54 кг

  • 10 години – родени во периодот 01.01.2013-08.04.2013 година
  • 11 години – родени во периодот 01.01.2012-31.12.2012 година
  • 12 години – родени во периодот 01.01.2011-31.12.2011 година
  • 13 години – родени во периодот 01.01.2010-31.12.2010 година

Пропозиции: Борбите за сите категории траат 1.5 минути.

Date

2023.04.08 - 2023.04.09

Entry deadline

2023.03.27 - 2023.04.05
Registration expired

Registration mode

Same year (2023)

Time Zone

Europe/Skopje (2025-01-31 08:46)

Country

 NORTH MACEDONIA

Location

Kriva Palanka

Downloads / Gallery
Type

Tournament

E-Payment

Entries: For this event no entry permission is required.

All new entries on waiting list
All entries will be first on a waiting list and have to be attended by the event manager. The event manager manually moves these entries to the list of official entries after they are approved and / or after paying the entry fee. If you have any questions please contact the event manager.

Flights

Find your FLIGHT

euroflyrefund.com
WKF Live
WKF Accredited Coach Course
Video Review
Advertisement
              
Privacy statement | GTC |  Imprint

SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2025 (2025-01-31 08:46:33 CET +01:00)
WKF (World Karate Federation) APPROVED SOFTWARE