|
2024-04-17 [12:56:08] |
New Event: ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА ДЕЦА 2024 (MKD) |
|
more... |
Traveling to this event? |
---|
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up! |
|
Карате федерацијата на Македонија, согласно усвоениот Календар за натпревари во 2024 година, на 27.04.2024 година (сабота) ќе организира Државно првенство за деца од 10-13 години во борби, кати и кати екипно Место на одржување: Спортска сала ,,26-ти Април‘‘, Гевгелија. Пропозиции и категории: Дадени во Прилог Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 21.04.2024 год. (недела) Преку WEB страницата на Sport Data (SET ONLINE), на следниот линк: https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=8220#a_eventhead Клубовите по приемот на ова известување по е-маил должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk и brankotasevski@gmail.com. Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ! Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 23.04.2024 година, после што ќе се смета дека пријавите се конечни. Корекции може да се прават само доколку има промена на категорија на веќе внесени натпреварувачи, нови натпреварувачи не е дозволено да се внесуваат. Корекциите на пријавата задолжително се доставуваат на е-маил contact@kfm.com.mk. За секоја промена на пријавата (промена на категорија и/или додавање нов натпреварувач) по овој датум ќе се наплатува казна во висина од 700 денари. Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 25.04.2024 година. Ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година. Секој клуб има право да пријави само по една екипа во одредена категорија. Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Заштитната маска за лице и суспензори се опциони. Право на настап ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2024 год. и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон. Котизацијата во износ од 1000 МКД по пријавен натпреварувач и 1000 МКД по пријавена екипа треба да се уплати на жиро сметка на КФМ најдоцна до 25.04.2024 година. Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон. Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта, кој ќе биде утврден по креирањето на саатницата за натпреварот. Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи. Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема.
Со почит,
П Р О П О З И Ц И И И К А Т Е Г О Р И И
Категории во ката:
Пропозиции:
Категории во кумите:
Борбите за сите категории траат 1.5 минути. Пропозиции:
|
Privacy statement | GTC | Imprint |
SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2025 (2025-01-28 18:54:32 CET +01:00) |